en fy eu mk sl ga

Drugi zborovi

2016-08-11 00:18 —

Андре Лоенга на ДРИМОН фестивалот во Струга !

 На вториот ден од фестивалот на современи уметности кој се одржува во струга во организација на ИНКА здружение посветено на развој на културата имавме можност да пласираме дел од активностите поврзани со проектот Други зборови во кој Форум на млади е партнер одговорен за активностите во Македонија како и изборот на писатели во рамките на предвидените резиденции во текот на целиот овај проект во времетраење од 4 години.

 Андре имаше извонреден настан и чест да ја отвори фестивалската вечер и тоа во ударниот термин после 21 часот а негде пред почетокот на музичкиот дела во кој најголеми звезди беа гостите од Нови Сад , Обојени Програм еден од најдолготрајните алтернативни бендови на овие простори несомнено. Во рамките на своето претставување Андре покрај својата поезија пред присутните представи и музика од Фризија и тоа од различни жанрови и наиде на многу добар прием кај присутните.