en fy eu mk sl ga

Stefan Markovski

2018-08-17 19:00 — Donostia, Basque Country

ДЕН 1: Пиратски поход

Во екот на годинешната тнр. Голема недела (шп. Semana grande; баск. Aste nagusia) која трае во периодот меѓу 11. и 18. август, Сан Себастијан / Доностија е град како ретко кој друг во европски рамки, а постои широк спектар аргументи во прилог на оваа теза, почнувајќи од богатата културна програма која вклучува разновидни театарски претстави, мјузикли, опери, концерти и филмски проекции, сѐ до гигантските 15-минутни огнометни спектакли, комичните улични претстави и симулираните бикови по улиците во 23:00 часот низ некои од централните градски артерии.

Десетиците настани кои се случуваа и се случуваат со интензивно темпо се посетени од илјадници љубопитни туристи, а еден од нив беше и „освојувањето на градот“ од страна на „пиратите“ на кејот недалеку од плажата Суриола (шп. Surriola).

Неколку часа пред започнувањето на настанот, „пиратските кораби“ беа поставени на обележаното место, спремни за поход.

Непосредно пред почетокот, атмосферата беше загреана со храна, пиење и настап на локални поп-рок бендови:

Со отпочнувањето на походот, тимовите се групираа и организирано тргнаа во меѓусебни судири, односно напад на градот. Низ фотографии, тоа изгледаше отприлика вака:

Крајот на настанот за пиратите не беше синоним со нивното напуштање на водата, како што за посетителите не беше синоним со нивното заминување. Напротив, поголемиот дел од младата публика продолжи да ужива во уличната фиеста на која можеа да се забележат луѓе од сите страни на светот.  