en fy eu mk sl ga

Stefan Markovski

2018-08-21 15:39 — Donostia, Basque Country

ДЕН 2: Оган во облаците

Сан Себастијан или на баскиски - Доностија, европска престолнина на културата за 2016 година, е несомнено град во кој покрај културните манифестации, вонредно значајно место зазема и забавата, а по што и ја ужива својата репутација кај бројните странски туристи.

Во минатата статија ја спомнавме Semana grande односно Големата недела во која секојдневно беа вклучени над 500 културни и забавни содржини во периодот од 11 до 18 август.

Настаните секојдневно во 22:45 часот беа крунисувани со огнометни спектакли во времетраење меѓу 15 и 20 минути, а кои беа дел од меѓународен натпревар на ниво на држави.

Следниве фотографии илустрираат дел од тие еднонеделни спектакли кои се одвиваа на плажата La Concha:

Според бројот на настапи меѓу земјите застапени со свои тимови доминираше Шпанија, а настапите редоследно беа следниве: 1. Шпанија (Гранада); 2. Словенија; 3. Шпанија (Валенсија); 4. Италија; 5. Германија; 6. Шпанија (Оренсе); 7. Шпанија (Кастелон); 8. Шведска.

Целиот натпревар беше обезбеден од страна на баскиската полиција, а најголем дел од улиците во централното градско подрачје беа затворени. По огнометите можеa да се забележат различни улични танци, „огнено-електрични“ симулации на стампеда од бикови кои „дефилираа“ низ улиците, вртелешки, улични комични претстави, концерти и други настани од отворен тип.