en fy eu mk sl ga

Drugi zborovi

2018-07-29 02:02 —

Марија Јовчевска е избраниот писател во Словенија !

Марија Јовчевска е избраниот писател од Македонија за литературната резиденција во Марибор, Словенија.

Таа ќе престојува таму во периодот од Август до крајот на Септември и за време на престојот ќе учествува во повеќе манифестации каде ќе има можност да се претстави со своите авторски дела.

Марија од мала се занимава со поезија и проза односно пишува кратки раскази и е добитник на повеќе награди и признанија.

Хрониките на пустинското семе е насловот на нејзиното прво литературно дело и тоа комбинација од поезија и кратки текстови, издадено во 2015 та година.