en fy eu mk sl ga

Marija Makeska

2016-10-27 10:25 — Friesland

Навистина, светиот е мал и во Фризланд

Беше еден прекрасен сончев септембарски ден. Јас, Андре и Сидс отидовме на снимање. Прво снимавме во една црква, а потоа отидовме на брегот покрај браните. Снимавме малку и таму, и продолживме да се движиме со автомобилот по патот крај браната. Дојдовме до едно место со мала зграда - музеј, луѓе наоколу, бункери, пејачки облечени како од Втора Светска Војна што пејат стари песни. Се поздравивме со луѓето, ни објаснија дека се селани и дека пред пет години го заштоитиле местово бидејчи било историско, и за време на Втората Светска Војна тука фашистите имале база, и внатре во самата зграда се најдени некои предмети и е направен мал музеј.

Снимавме со Андре, а потоа седнавме да се одмориме. Сидс ми вели "Марија, овој човек бил во Битола." покажува кон организаторот на малиот фестивал.

"Сега ќе ти кажам." ми вели и тој. " Ју хев крави енд деј гив ју млеко." и се слатко насмеа."Да, сум продал крави во Битола. Вие имате добра млекара во Битола?"

"Да, имаме Битолска млекара."

Правевме муабет за тоа дека и Андре беше во Битола и за неговиот престој. Јас кажав само дека сум од Скопје, но сум била во Битола неколку пати.

Така убаво ни заврши денот.