en fy eu mk sl ga

Drugi zborovi

2018-07-14 19:34 —

 Објавени повиците за резиденции за писатели од Македонија во Сан Себастијан и Марибор !

Наскоро двајца писатели од Македонија ќе отпатуваат во Баскија и Словенија и ќе имаат можност да бидат дел од проектот Други зборови , престојувајќи на резиденции во траење од 2 месеци.

Градовите домаќини ќе бидат Сан Себастијан и Марибор а писателите ќе имаат можност да творат на различни литературни жанрови според нивните афинитети.

Нивните творби ќе бидат преведени на пет јазици односно на сите држави партнери во проектот плус , англиски јазик и ќе бидат достапни пред поширокиот аудиториум низ Европа.