en fy eu mk sl ga

Виктор Јакимовски

2016-06-10 13:30 — Donostia

Поетско читање во Бермео

Премногу убави работи на едно место. Убава поезија, убаво друштво и убаво место. Вчера во барот Талако Кантина, во Бермео, пријателот и колегата Ekaitz Goienetxea Cereceda организираше поетско читање каде што соединивме три различни јазици на едно место, заедно со Словенскиот преведувач Barbara Pregelj. Баскиски, Македонски и Словенски. Сите читавме на наш мајчин јазик. А голема чест ми направи Ekaitz што дел од моите песни ги преведе на Баскиски. Атмосферата беше опуштена, како што умеат поетите со црвено вино и поезија. Покрај поезијата при крајот од настанот разменивме мислење за нашите јазици и за проблемите на кои наидуваме постојано. После настанот, дружбата ја продолживме на убава вечера во уште по убавиот Бермео.