Drugi zborovi
2018-11-11 21:20 —
Аинара односно нашата поетеса резидент од Баскија во просториите на младинската организација Сфера од Битола имаше свое презентирање на нивната култура и тоа преку многу интересен и интерактивен пристап во кој преку фотографии и видеа ни претстави подетално за баскискиот идентитет пред се.
Имавме можност да го видиме документарниот филм на Орсон Велс или барем мал дел кој е посветен на Баскија а е сниман во францускиот дел од покраината.
Мора да напоменеме дека присутните беа во различен етнички состав како волонтери кои се од различни држави од ЕУ како , Бугарија , Грција, Литванија како и Србија.