en fy eu mk sl ga

Виктор Јакимовски

2016-06-05 12:40 — Donostia

Сидра Фестивал

Вчера во Сан Педро се одржа Sidra fiesta. Сидра е традиционален Баскиски пијалок (вино од јаболко). Тука може да се најде во секој ресторан и е доста популарен поради неговиот засладувачки вкус и помалиот процент на алкохол. Исто така оваа фиеста се случува еднаш годишно, вратите се за сите отворени, има музика, натпревари, превкусни храни и најдоброто од се, за меракклиите на чашкометот е тоа што на самиот влез купуваш само чаша и пиеш - колку што можеш да испиеш. Исто така се оддржува натпревар во собирање на јаболка. Јаболката се фрлаат во куп сено и секој натпреварувач има корпа и едно дрво со закована шајка на врвот, со која ги боде јаболката и ги собира во корпа. За најбрзиот и најдобриот следува пакет Сидра.