en fy eu mk sl ga

Drugi zborovi

2016-07-05 02:47 —

Средба помеѓу Андре Лоенга и амбасадорот на Холандија во Македонија!

Свечениот ручек на кој покрај Андре, писателот од Фризија кој престојува 2 месеци во Битола и Амбасадаорт на Холандија , присуствуваше и Марија Макеска која е исто дел од тимот на Други зборови и Форум на млади секако.

Средбата се случи по барање на амбасадорот а со цел да се запознае со целите на проектот како и натамошната соработка која ќе ја имаме во блиска иднина при промоцијата на проектните активности. Покрај оваа средба Андре во Скопје имаше можност да гостува на радио емисија каде исто ги истакна побитните детали во врска со неговиот престој во Битола а исто така оствари средби со неколку писатели и поети од помладата генерација со кои размена идеи за идна соработка и делување во блиската иднина.