en fy eu mk sl ga

Drugi zborovi

2018-08-02 18:23 —

Стефан Марковски е избраниот писател во Сан Себастијан !

За време на неговиот престој од два месеци ќе има можност да ја претставува Македонија со свои литературни и дела од современата наша книжевност

Стефан Марковски (р. Гевгелија, 01.12.1990) е современ македонски писател, поет, сценарист и филозоф.

Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност и на Институтот за Филозофија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.  Постдипломец е на Факултетот за Драмски Уметности – насока Филмско и ТВ сценарио.

Автор е на книги од различни жанрови и области, романите: „Еднонасочно“ (2009) и „Еретички писма“ (2018); збирките раскази: „Продавачот на ветар и магла и други приказни“ (2015) и „Смртта долетува насмевната“ (2017); поетските збирки: „Апеирон“ (2010), „За некои спомени на онаа некогашност“ (2010), „In Nomine“ (2016), „Сиво сјаат вселените“ (2016) и „По трагата на белиот грифон“ (поезија, 2018). Автор е и на есеистички книги од областа на филозофијата и психологијата. 

Марковски е добитник на книжевни награди, меѓу кои: „Петре М. Андреевски“ (2009) за роман, втора награда од МАНУ за расказ (2008), „Бели Мугри“ (2016) за поетска книга, „Крсте Чачански“ (2017) за збирка раскази, „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво (ХКД) за книга на годината вон изданијата на ХКД (2017), „Македонска книжевна авангарда“ (2015) за збирка раскази, Седмоноемвриска награда на Општина Гевгелија (2014) и тн.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонскиот центар на ITI и други асоцијации.

Главен и одговорен уредник е на најстарото македонско книжевно списание – „Современост“ и е уредник на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“.