en fy eu mk sl ga

Виктор Јакимовски

2016-06-06 21:30 — Donostia

Тритон

Без сомнение можам да кажам дека луѓето од Баскија се со спортски дух и го обожуваат спортот. Нема викенд, без ниту еден спортски настан, градот во тој поглед е многу жив и спортски настроен.Вчера во моето соседство, во Пасаја, се одржа традиционалниот Тритон. Името Тритон е поради тоа што натпреварувачите трчаат маратон, па после тоа возат точак (искачуваат планина) и на крај натпреварувањето завршува со пливање. Секоја чест! 

Од левиот дел на сликата, се наоѓа барот Аркупе, каде обично одам да пишувам на блогов, а над него е мојот стан, каде што престојувам овој одреден временски период.