en fy eu mk sl ga

Drugi zborovi

2018-09-14 20:28 —

Успешна презентација на македонската култура и литература !

 Стефан Марковски повторно имаше можност со свој настап односно презентација за македонската култура и пред се литература и тоа во еден од најубавите градови во цела Шпанија, Сан Себастијан. Баскиската публика целосно ги оправда дури и надмина сите очекувања исполнувајќи ја салата до последното место а притоа окупирајки го Стефан со прашања така да настанот се оддолжи далеку повеќе од предвиденото време и траеше околу три и пол часа.

 Неговата презентација беше пред се за современите текови во македонската литература како и односот на истата и поврзаноста со нашата традиција.

 Благодариме до сите медиуми кои ја објавија и оние кои во иднина ќе споделуваат информации поврзани со проектот Други Зборови.