en fy eu mk sl ga

Drugi zborovi

2017-08-14 18:12 —

Владимир Копицл пристигна во Битола

Форум на млади како организација ја имаше привилегијата да биде домаќин на еден од најнаградуваните книжевници од соседната Србија , Владимир Копицл. Да се споменуваат сите негови награди и функции кои ги извршувал во текот на својот живот ќе биди неблагородна работа а да не зборуваме за просторното ограничување.

Владимир инаку е поет според неговата долгогодишна кариера со повеќе издадени и наградувани збирки на поезија а исто така и книжевен критичар како и уредник во повеќе списанија и културни едиции.

Во Битола ќе престојува еден месец и за време на тој период ќе посети повеќе институции и ќе има можност да се претстави пред нашата публика.