en fy eu mk sl ga

Виктор Јакимовски

2016-06-04 12:00 — Donostia

Време е за спорт

Малку надвор од поезијата. Понекогаш добро доаѓаат спортски активности. Вчера со новото друштво од Пасаја, отидовме да гледаме турнир во Футсал, во Сан Педро. Финалниот мел, од кои едната екипа беше домашна, тимот од Сан Педро, а другата вечните ривали од Доностиа. Натпреварот заврши со резултат од 6:1, за домашната екипа од Сан Педро. Во таа чест домаќините после крајот на натпреварот организираа мала fiesta, каде бев почесен гостин. Морам да признаам, дека ми фалеше спортот и фудбалот, а исто така добро ми дојде и запознавањето со нови луѓе. За две недели ќе има нов турнир, во Пасаја каде што престојувам и со новото друштво веќе формиравме (домашна)екипа со која ќе се пријавиме и ние на турнирот. Па се надеваме и ние на иста судбина како тимот од Сан Педро =)