en fy eu mk sl ga

Marija Makeska

2016-10-23 19:50 — Friesland

За малите нешта

"Синко, со тебе нешто не е во ред работава. Никогаш не си се насмеала кога ќе ти купам и кога ќе ти дадам нешто." ќе рече мајка ми.

Купи му љубов. Нели тоа со пари не се купува? Љубовта е енергија, а тоа не може да се плаќа. Замислете да имаше таква такса од државата секој месец или годишна такса, баш за љубов, и таа такса да правеше само добрина на секој човек, со тоа што секој од нас би имал богата трпеза и топол дом. Ќе ја плаќавте?

Купи ми лојалност. Нели и тоа со пари не се купува? Лојалноста е исто енергија, и тоа многу ретка. Да си лојален на некој многу години, значи да му даваш безусловна љубов.

Купи ми чесност. Дали на овој свет постои човек што е толку чесен, кој никогаш не излажал? Никогаш не е доволна чесноста, а твојата енергија ќе донесе повеќе инспирација за поголема чесност.

Купи ми љубезност. Љубезноста е директно поврзување со универзиумот. Почни да си љубезен со сите, и се околу тебе ќе се смени.

Купи ми среќа. За ова не се прашува некој да ти купи. Едноставно, почни да се чувствуваш среќен, без разлика колку и да не си. Најди ја таа среќа во себе, тоа мало нешто што те прави да го сакаш овој свет со тоа што ќе научиш прво да се сакаш себеси.

Купи ми здравје. Здравјето не се исто купува. Твоето тело и твојата душа се дел од тоа здравје, чувај го со тоа што си радосен, среќен,полн со љубов, љубезен, чесен, лојален и универзален.

Ваму во Фризланд конечно го најдов мирот. Преку медитација се поврзувам со универзиумот, надвор од Скопската бучава, надвор од се што ми создава немир. Тоа е нешто што ме прави најсреќна на свет.