en fy eu mk sl ga

Кочо Трајчевски е писателот кој ќе ја прет&#

Kocho

Одборот на Други Зборови на состанок кој се одржа на 25 Јануари го избра Кочо Трајчевски и неговиот проект како најдобар кандидат помеѓу шест квалитетни автори.

Тој е независен писател од Битола кој е автор на успешен научно фантастичен серијал на англиски јазик и еден од основачите на Манускрипт, здружение чија цел е да им помогне на писателите од Македонија полесно да ги издадат своите дела.

Неговиот главен интерес лежи во полето на воена научна фантастика и опера, но исто така пишува и фантазија, автобиографија и поезија, а работи  и хонорарно како колумнист.

Тој ќе престојува во Сан Себастијан Баскија како дел од овој проект во периодот од 16 Април до 16 Јуни оваа година.

Програмата Други Зборови цели кон воспоставување на културна мрежа и размена на писатели од мали земји и малцински јазици преку своите партнери низ европските земји. Партнер организации кои се дел од оваа иницијатива која е промовирана од Дпностиа Сан Себастијан 2016 и Доностиа Култура се следните - Donostia Kultura и DSS2016 ( Баскија), Foras na Gaegile (Ирска), X­OP- eXhange of art operators and producers (Словенија), Форум на млади“ – Битола (Македонија) и Ljouwert/Leeuwarde 2018 ( Фризија).