en fy eu mk sl ga

Youth forum

“Форум на млади“ –Битола е невладина, неполитичка, непрофитна, волонтерска организација чија примарна цел е да се развијат културните ихуманитарните карактеристики на граѓаните на Република Македонија.

Меѓу најважните цели на организацијаta се:

1. Промовирање на различни уметнички и културни активности преку наоѓање на простор за младите луѓе каде ќе се развива нивната креативност;

2. Промовирање на мир, демократија, борба за човекови права и борба против дискриминацијата од секаков вид и ограничувања како и заштита на праватa на малцинствата;

3. Aнализирање и известување за моменталната ситуација на младината во Македонија.

Форум на млади има постигнато доста успеси во вклучувањето на млади луѓе во донесување на важни одлуки од јавен интерес. Низ активностите на оваа организација постигнати се доста важни врски помеѓу локалната самоуправа и другите НВО­и. Исто така постојано се претставуваат и проблемите на младите луѓе, а се врши и едуцирање на граѓаните како тие проблеми може да се решат.

Организацијата е основана во 1999 година од група на млади ентузијасти, чии цели се да се направи нешти ново за потребите на младата популација. Форум на млади е локална организација, а активностите и проектите кои се реализираат се одржуваат во Битола и нејзината околина. Членови на оваа организација се млади помеѓу 18 и 30.

Активностите на организацијата примарно се поврзани со потребите на околината во која живееме и за тие намени ориентирани сме генерално кон антидискриминацијата , специјално кон сите маргинализирани групи. За тие потреби во нашите програми за интеркултурно учење Ние вклучуваме културно уметнички активности како театарски представи , филмски ревии, видео арт , музички концерти , перформанси и многу останати активности како работилници , семинари , трибини , дебати и курсеви од различен карактер. Со еден збор се трудиме да направиме катче каде младите можат да споделуваат во слободното време учејќи корисни работи и развивајќи ги своите вештини и знаења.

Форум на млади го публикува своето списание БЛОК посветено на културата но исто и на активизмот и промоцијата на уметници и проекти поврзани со активности кои ние ги имплементираме и останати сродни организации.Покрај тоа ги промовираме и младите автори издавајќи ги нивните дела од областа на прозата и поезијата.